Денес се одигра натпреварот во категоријата “помлади пионери“ помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. Црвено-црните беа многу подобар тим и успеаа да забележа висока победа од 7:0. Мечот се одигра на теренот на локотива. Стрелци за нашите надежи беа: Ибрахим Ариф (4), Давид Астарџиев, Марио Иливески и Давид Ристовски.
-Сепак се работи за наш ривал, ова беше дерби натпревар на кој влеговме со максимална мотивација. Резултатот беше плод на нашата игра и ангажираност на теренот. Бевме подобри од противникот, во секој поглед и дел од теренот.
После три одиграни кола во домашното првенство, помладите пионери имаат вкупно 7 бодови, единствено одиграа нерешено со Работнички.
-Во првите три натпревари кои поминаа и во следните кои доаѓаат не сакаме да ја имаме улогата на фаворит, односно да го потценуваме противникот. Очекуваме позитивиен резултат за нас, но не со ваква голема разлика. Лично сум задоволен од стартот на сезоната и верувам дека ќе продолжиме со уште подобри игри во понатамошниот дел од сезоната.
Давид денес беше стрелец на еден од погодоците за Вардар и еден од подобрите поединци на овој дуел.
-Од мојата игра сум задоволен, секогаш се трудам да прикажам повеќе и да го дадам максиумот за целиот тим. Секогаш може подобро, со многу работа и труд, а кон тоа и се стремам. Сакам да се заблагодарам на поддршката од моите соиграчи и довербата од тренерот Сашо Јанев, изјави Давид Астарџиев за нашиот сајт.
Звонко Ивановски.