Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > “Дерби само на хартија“, помладите пионери на Вардар со 7:0 го победија Пелистер
“Дерби само на хартија“, помладите пионери на Вардар со 7:0 го победија Пелистер

“Дерби само на хартија“, помладите пионери на Вардар со 7:0 го победија Пелистер

Иако се очекуваше да биде дерби во вистинска смисла на зборот, немаше ништо од тоа на мечот помеѓу помладите пионери на Фк Вардар и Пелистер. Во дебитанската сезона за двете екипи, многу поуспешни беа црвено-црните кои го понижија противникот. Натпреварот се играше на теренот на локомотива и заврши со резултат 7:0. Ибрахим Ариф постигна дури 4 голови, по еден дадоа Давид Астарџиев, Марио Илиевски и Давид Ристовски.

Одлични услови за игра на теренот каде се одигра овој дуел, на кој Вардарци беа многу поуспешни од своите врсници од Битола. Уште по првото полувреме, беша јасно кој ќе ги освои трите бода на овој натпревар. Ибрахим постигна хет трик во првиот дел, давајќим им до знаење на Пелистер дека нема што да бара. Многу поврзано во играта делуваа избраниците на Сашо Јанев, создавајќни многу прилики за постигнување на гол. Противникот немаше игра да парира и беше длабоко повлечен на својата половина, без некои посериозни напади кон нашиот гол. Од скратени корнери, голови постигнаа уште Астарџиев, Ристовски и Илиевски, потврдувајќи ја убедливата победа од 7:0.

Сосема заслужена победа за оваа наша генерација, која одлична ја започна првата сезона во домашното првенство. После три одиграни кола има освоено вкупно 7 бодови. Секој максимално ја искористува шансата за игра, која им ја дава тренерот Сашо Јанев. Има многу квалитетни поединци во оваа екипа, кои треба да блеснат оваа сезона во црвено-црниот дрес.