Дербито во генерацијата “2003“ помеѓу екипите на Вардар и Македонија Ѓ.П. , убедливо им припадна на црвено-црните. Конечниот резултат гласеше 5:0 во корист на младите Вардарци. Натпреварот се одигра на терените на фудбаската федерација на Македонија и помина во целосна доминација на нашиот состав. Уште по првото полувреме имавме солидно водство од 3:0. Стрелци на головите беа: Дамјан Ќосески, Андреј Стојчевски, Александро Прелоговски, Марио Петрушевски и Иван Пашариковски. Погледнете го видеото од целиот натпревар помеѓу овие две екипи.
Најголемата победа во осмото коло на детската лига ја забележа Вардаровата генерација родени “2002“ година. Избраниците на Павел Неделковски до врв ја наполнија мрежата на својот противник, а тоа беше екипата на Фк Гоце Делчев. Конечниот резултат гласеше неверојатни 17:0. Оваа генерација продолжува со успешни настапи во детската лига, како подготовка за следниот предизвик кој им претстои од наредната година, натпреварите во домашното првенство и куп.
Во ова коло своите натпревари не ги одиграа генерациите на Вардар родени “2004“ и “2006“ година.