Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генер. “2005“ продолжува со победите, успешно осмо коло и за генер. “2007“
Фк Вардар генер. “2005“ продолжува со победите, успешно осмо коло и за генер. “2007“

Фк Вардар генер. “2005“ продолжува со победите, успешно осмо коло и за генер. “2007“

Вчера на терените на фудбалскиот клуб Работнички, се одиграа натпревари од осмото коло на детската лига. Свои успешни настапи забележаа Вардаровите генерации родени “2005“ и “2007“ година.

Фк Вардар генерација “2005“ ја продолжи победничката серија од 13 последователни триумфи и со новите два сега имаат 15 победи во низа во детската лига.

Фк Вардар (1) беше подобар од својот противник, екипата на Фортуна со резултат 5:2. Само по првиот дел Фортуна беше рамноправен кога на одмор се замина со резултат 1:1. Во вториот дел избраниците на Зоран Петковски не пропуштија ништо на случајноста и за краток период имаа високо водство. Филип Јовановски и Давор Лефковски постигнаа по два гола, стрелец на еден гол беше Матеј Николовски.

vardrafans osmo kolo detska liga

Фк Вардар (2) им нанесе тежок пораз на своите врсници од Шкупи. Оваа екипа успеаа да ја зачува својата мрежа незатресена. Конечниот резултат гласеше 6:0. Сосема заслужена победа, со оглед на доминацијата во текот на целиот дуел. Дури шест различни играчи се запишаа во листата на стрелци. Андреј Петровски, Кристијан Таневски, Петар Пројковски, Горјан Цветков, Бојан Јаневски и Филип Радевски.

Успешно осмо коло имаше и Фк Вардар генер. “2007“ која забележа две победи.

Фк Вардар (1) беше подобар од екипата на New star, совладувајќи ги со резултат 2:1. Марко Крстевски и Стефан Младеновски ја донесоа победата за Вардар.

Фк Вардар (2) излезе како победник во дербито со екипата на Работнички. Конечниот резултат гласеше 2:0. Стрелци на головите за црвено-црните беа Марко Киш и Лео Манчев.