Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар и Металург, ги поделија бодовите во дербито на генер. “2003“ од детската фудбалска лига
Вардар и Металург, ги поделија бодовите во дербито на генер. “2003“ од детската фудбалска лига

Вардар и Металург, ги поделија бодовите во дербито на генер. “2003“ од детската фудбалска лига

Дербито во генерација “2003“, кое се играше на терените на ФФМ во детската фудбалска помеѓу екипите на Вардар и Металург, заврши со поделба на бодовите. Денес имавме можност да гледаме еден цврст натпревар на двете страни со периоди на доминација на двете екипи. Конечниот резултат гласеше 1:1. Стрелец на единствениот погодок за Вардар беше Филип Ѓорѓиевски.

Првата прилика за отварање на резултатот ја имаше екипата на Металург, откако при една акција од левата страна, играчот на Металург успеаа со брз продор да се ослободи од нашиот играч и да бие, но сепак чуварот на мрежата на црвено-црните беше на своето место. Вардарци вратија на спротивната страна, при еден изведен корнер за малку топката не заврши во голот на Металург. До крајот на првиот дел, резултатот остана непроменет 0:0. За одбележување е уште и пречката која ја погодија Металург, но сепак среќата во тој момент беше на наша страна.

webb2

Стрелецот на голот за Вардар Ѓорѓиевски Филип!

Во второто полувреме можевме да видиме две различни изданија на двете екипи. Во првите 10 минути, екипата на Металург беше подобар противник и успеаа прва да го отвори резултатот на овој меч. Се играше некаде 33 минута, кога Металург со акција од десната страна,  нивниот играч ја упати топката во нашиот голмански простор. Еден од противничките играчи беше осамен и ја погоди мрежата на Вардарци. Ова како да ги налути нашите млади надежи, кои почнаа да играат многу подобро и до крајот на мечот имаа комплетна иницијатива. Најпрво имавме можност од слободен удар да го загрозиме голот на Металург. Конечно успеваме да го израмниме резултатот и тоа со удар од белата точка. Прeцизен беше Филип Ѓорѓиевски за 1:1. Во последните пет минути имавме уште два удари кон противничкиот гол, кои за среќа на Металург завршија надвор од рамките на голот. Можеби нерешениот резултат беше најреален исход на овој дерби натпревар. Нашите момчиња одиграа одлично, се бореа за секоја топка, сепак на крајот двете екипи ги поделија бодовите. Се играше две полувремиња по 25 минути, со 8+1 играчи на теренот.