Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генер. “2004“ ги “потклекна“ Работнички и Шкупи во детската лига

Фк Вардар генер. “2004“ ги “потклекна“ Работнички и Шкупи во детската лига

DSC02122

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија продолжија натпреварите од детската фудбалска лига. Своето прво пролетно коло го одигра и генерација родени “2004“ година и двете екипи остварија триумф. Победени беа екипите на Работнички и Шкупи.

Најпрво на теренот излегоа “Фк Вардар (1) генер. “2004“ кои за противник го имаа тимот на Работнички. Ова требаше да биде деби натпревар, но на крајот резултатот говореше за сосема нешто друго. Конечниот исход од 9:1 во корист на Вардарци говори за супериорноста на нашите млади надежи, кои речиси го “прегазија“ својот противник.

Првиот удар на овој натпревар беше кон нашиот гол, но денеска го имавме и повеќе од расположениот Стефан Тасев. Следи првата прилика за црвено-црните, кои при еден изведен корнер за малку фалеше да го отворат резултатот. На првиот погодок не се чекаше многу време, откако Огнен Здравковски со силен удар го “матираше“ противничкиот голман, за водство од 1:0. Истиов играч имаше прилика да ја зголеми предноста, но неговиот удар заврши во рацете на голманот. Црвено-црните го диктираа  темпото на игра и постојано го напаѓаа голот на Работнички. Тоа вроди со нов гол за водство од 2:0, со погодокот на Георг Стојановски, при една акција од десната страна ова момче со умерен удар во десниот агол ја погоди мрежата на противникот. На третиот гол не се чекаше многу време, откако голгетерот Стојановски при една грешка на противничката одбрана, беше најумешен погодувајќи за 3:0. До крајот на првото полувреме, екипата на Работнички уште два пати ја водеше топката од својата мрежа. Најпрво при изведен корнер на Вардар, Сандро Каровски небранет од противничката одбрана погоди за 4:0. Можноста да се запише во листата на стрелци ја имаше и голманот Стефан Тасев, кој погоди од пенал за водство од 5:0. Ова беше и конечниот резултат по првото полувреме.

Вториот дел започна со голот на Работнички, кој успеаа да ја намали само за момент предноста на Вардар. Црвено-црните вратија со голот на Огнен Здравковски за водство од 6:1. Истиов играч се најде во уште една прилика, но неговиот удар заврши во рацете на противничкиот голман. Физичката подготвеност беше целосно на наша страна, Работнички немаше сила да се надигрува со избраниците на Арсовски. До крајот на мечот само ја зголемувавме предноста. Нов пенал и погодок за Сандро Каровски, за водство од 7:1. Нашите млади надежи немаа намера да запрат со нападите, што резултираше уште со два погодоци, кои беа дело на Горазд Попов и Георг Стојановски, за конечен резултат од 9:1.

Свој натпревар одигра и Фк Вардар (2) кој беше подобар од екипата на Шкупи. Црвено-црните со резултатски пресврт успеаа да го добијат овој дуел. По првото полувреме тимот од Чаир имаше водство од 0:1. Во овој период, избраниицте на Арсовски имаа неколку прилики да го отворат резултатот, но такво нешто не се случи. Во вториот дел, дојде до комлетен пресврт на овој натпревар. Најпрво Марио Ричков со неверојатен гол од слободен удар ја “искина“ мрежата на Шкупи, за израмнување на резултатот. Јунак за Вардар беше голманот Стефан Тасев, кој успеаа да спречи нова предност за Шкупи. Овој млад надежен голман кој добри признание за најдобар чувар на мрежата во Бугарија, успеаа да го скроти противничкиот удар од пенал и да даде надеж за своите соиграчи. Тоа максимално го искористивме, па со голот на Тео Перковски успеавме да победиме со 2:1.