Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се враќа од Турново со три бода
Вардар се враќа од Турново со три бода

Вардар се враќа од Турново со три бода

Пред 1.000 гледачи на стадионот Кукуш во Турново се одигра натпреварот помеѓу екипите на Хоризонт Турново и Вардар. Вардарци на овој натпревар имаа поддршка од Комитите кои допатуваа во Турново. За Вардар на овој дуел започнаа: 28. Пачовски, 3. Попов, 6. Грнчаров, 8. Спировски, 9. Блажевски, 16. Глигоров, 18. Ќеран, 19. Хамбарџумјан, 21. Новак, 70. Фелипе, 97. Петковски. Натпреварот започна со иницијатива на Вардарци. ФК Вардар ја диктираше играта во првиот дел, а домакините својата шанса ја чекаа преку контра напад или преку прекини да го загрозат голот на Пачовски. Најубавата шанса за водство ја имаше Фелипе во 33 минута, кога биеше силно од 20-сетина метри, но за малку неговиот удар заврши над гредата на домашниот голман. Последните 15-сетина минути од првиот дел му припаднаа во целост на нашиот шампион, Ќеран и Блажевски имаа солидни прилики, но Ќеран биеше млако во добро поставениот голман на Турновци, додека пак Блажевски си направи простор за удар, биеше од 15-сетина метри, но неговиот удар беше изблоќиран од домашните играчи. По првиот дел беше оној почетниот резултат 0:0.

Во вториот дел, на местото на Петковски Петар во 46 минута во игра влезе Дамир Којашевиќ. Гоооол 0:1 се играше 52 минута, Фелипе изведе корнер, Хамбарџумјан биеше со глава прецизно за водство од 1:0 за ФК Вардар. Ќеран во 59 минута имаше одлична можност да постигне втор гол денеска за Вардар, но голманот на турновци ја одбрани оваа топка. Во 65 минута гол на Блажевски, но поради офсајд голот беше поништен. Се играше 69 минута, Фелипе изведе еден одличен слободен удар, но за малку крај голот. Во 70 минута влезе Ацо Стојков, на местото на Дејан Блажевски. Влезе и Филип Ивановски во игра на местото на Драган Ќеран. Фелипе пропушти заверка на победата во 88 минута, биеше од 20-сетина метри во празниот гол на турновци, но за малку крај голот.
Крај на натпреварот ФК Хоризонт Турново – ФК ВАРДАР 0:1