ФФМ ја делегираше судиската четворка која ќе ја дели правдата на дерби натпреварот во недела помеѓу екипите на Вардар и Шкендија.
За овој натпревар делегиран е Александар Ставрев од Скопје да биде задолжен за фер натпревар. На Ставрев ќе му помагаат Кировски Марјан и Костадинов Дејан од Скопје, четврти судија ќе биде Ширилов Игор. Делегат ќе биде Кантарџиев Васко – Струмица.