Третиот црвено-црн машки ракометен состав тимот на РК Вардар-2 кој ќе се натпреварува во Првата лига, ги почна подготовките за новата сезона. Кормилар на овој тим од сезонава е искусниот повеќегодишен вардаров тренерот Зоран Петковски-Зенга. Тој има на располагање 20 ракометари со кои ќе настапува сезонава во Првата Лига, која е втора по квалитет ракометна конкуренција во земјава. Првиот етапа од подготовките ќе биде во Скопје, а во втората ќе се замине на висински подготовки во Маврово.