Заврши и третото коло кај жените. Русија е првата репрезентација што обезбеди четврт-финалето на Олимписките игри. Русинките вчера славеа победа над Шведска со 36-34, иако во еден момент од играта имаа дури шест голови негатива. Русија е единствена репрезентација која има максимален ефект, односно три победи од исто толку натпревари.
Франција имаше најлесна задача во ова трето коло. Французинките лесно изглегоа на крај против селекцијата на Аргентина, која ја победија со 27-21. Лакрабер не постигна гол на оваа средба, голем дел од важните ракометарки на Франција добија мала минутажа.
Црна Гора разочара и по трет пат. Вчера црногорките загубија и од Романија со резултат 25-21. Катерина Булатовиќ постигна 9 гола, a Јованка Радичевиќ постигна еден гол. Бразил загуби од Шпанија со резултат 29-24. Мајса Песоа имаше 7 одбрани.
3 коло
Бразил – Шпанија 24-29
Романија – Црна Гора 25-21
Норвешка – Ангола 30-20
Русија – Шведска 36-34
Холандија – Ј.Кореја 32-32
Франција – Аргентина 27-21