Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Марко Ѓорѓиевски за прв трофеј на Вардаровите пионери во новата сезона, совладана Сесвете во финалето на “Скопје куп“
Марко Ѓорѓиевски за прв трофеј на Вардаровите пионери во новата сезона, совладана Сесвете во финалето на “Скопје куп“

Марко Ѓорѓиевски за прв трофеј на Вардаровите пионери во новата сезона, совладана Сесвете во финалето на “Скопје куп“

Пионерите на ФК Вардар се освојувачи нa силниот меѓународен турнир “Скопје куп“ , кој од 6-ти па се до денес се играше на неколку фудбалски терени низ Скопје. Утрово на теренот во населбата Ѓорче, избраниците на Сашо Тодоровски беа подобра екипа во дуелот со Сесвте ( Хрватска). Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:1. Два гола беа дело на голгетерот Марко Ѓорѓиевски, додека еден автогол си постигна противникот.

Повеќе од заслужен триумф за црвено-црните, кои доминираа речиси во текот на целиот натпревар. Вардар успева прв да го отвори резултатот и да поведе со 1:0, со автогол на Сесвете. До крајот на првиот дел Хрватската екипа врати со погодок за измранување на 1:1, што беше и резултат по првото полувреме.

За разлика од оној прв меч во групната фаза кога не ги искористивме шансите и бевме поразени токму од овој противникот, нашите млади надежи не грешат два пати. Сите дилеми околу конечниот победник на турнирот ги реши кој друг ако не Марко Ѓорѓиевски, кој со два одлични гола ја најави победата. Ова е прв трофеј во новата сезона за пионерите, како увертира за она што им следува веќе наредниот викенд, а тоа се мечевите во првенството.

Марко Ѓорѓиевски е прогласен за најдобар играч, додека наградата за најдобар голман ја понесе Мето Велковски.

ФК Вардар: Велковски, Рамиќ, Ѓоргиески, Трајковски, Пешевски, Али Адем, Стојчески,  Бериша,Ристоски, Дарлишта, Ѓоргиевски.