Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар во борба за првиот трофеј во новата сезона
Пионерите на ФК Вардар во борба за првиот трофеј во новата сезона

Пионерите на ФК Вардар во борба за првиот трофеј во новата сезона

Вардаровите пионери предводени од тренерот Сашо Тодоровски утрово со почеток од 10:15 часот на теренот во населбата Ѓорче Петров ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона. Во големото финале на силниот меѓународен турнир “Скопје куп“, нашите млади надежи за противник ќе ја имаат екипата на Сесвете од Хрватска. Противникот ни е познат, со кого имавме можност да играме во групната фаза. На тој меч го доживеавме и единствениот пораз до овој период на турнирот. Гостите од Хрватска успеаа да слават во натпревар на кој црвено-црните доминираа, но немаа среќа да ја затресат мрежата на Сесвете, кој речиси од една шанса успеа да забележи триумф од 0:1. Ова е добар повод за младите Вардарци да одиграат добар меч и да се одмаздат за тој пораз во последното коло од групата.

Радува вчерашната добра игра на нашите пионери во полуфиналето со Шкендија, натпревар каде противникот не создаде ниедна вистинска шанса кон нашиот гол, а прими три погодоци во својата мрежа. На овој меч после водството од 2:0, популарниот Рап-Тап се реши да ја одмори најголем дел од својата стартна постава, како би била одморена и свежа за денешното финале. Сесвете пак во полуфиналето беше подобар од врниците на Осијек. Овој меч во регуларните 60 минути заврши без погодок 0:0, по што се пристапи на изведување на удари од белата точка. Во пенал рулетот поуспешно се снајде Сесвете, кој славеше со резултат 5:3. Вардар и покрај неиграњето на Битиќи и новите засилувања Антовски и Стојановски е фаворит во пресрет на големото финале на “Скопје куп“. Се надеваме на триумф и прв трофеј за пулените на Тодоровски во новата сезона, како добра увертира пред почетокот на новата сезона која стартува од следниот викенд.