Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ДЕСЕТ години „Вардар Фанс“, Ви благодариме на довербата!!!
ДЕСЕТ години „Вардар Фанс“, Ви благодариме на довербата!!!

ДЕСЕТ години „Вардар Фанс“, Ви благодариме на довербата!!!

Денес е голем ден за нас! 

На овој ден пред точно 10 години започна со работа „Вардар Фанс“ (или поранешен „Лико Фанс Вардар“)

Се започна на овој ден во 2011 година, кога за прв пат се појавивме како Фејсбук профил на Бразилскиот фудбалер на Вардар, Пауло Кандидо – Лико. Стартувавме многу скромно. За многу кус период стигнавме до 5.000 пријатели на Фејсбук. Поради ограничениот лимит на профилот, моравме да бидеме трансформирани во Фејсбук страна. Набргу по трансформацијата се одлучивме да одиме уште еден чекор понапред.

Следуваше веб-портал кој се вика(ше) vardarfans.mk. Веќе шест и пол години можете да не следите на нашиот веб портал кој известува за фудбал, ракомет, кошарка, млади категории, куглање, р.акидо, одбојка, пливање, борење, атлетика и се останато што е поврзано со СД. Вардар. Ни претставува голема чест и задоволство што нашата страна од ден на ден се повеќе расте. Во овој момент, „Вардар Фанс“ брои точно 27.747 фанови кои сами се приклучија кон нас, без никакви покани или платени рекламни кампањи.

Ви благодариме на укажаната доверба овие ДЕСЕТ години! Ве уверуваме дека ќе работиме уште по напорно и по ангажирано и по оваа десетта година од нашето постоење.

Со почит, ваш „Вардар Фанс“.