Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рутинска победа за Вардар на отварањето на турнирот во Струга
Рутинска победа за Вардар на отварањето на турнирот во Струга

Рутинска победа за Вардар на отварањето на турнирот во Струга

Ракометарите на Вардар со победа го отворија 49.издание на традиционалниот турнир во Струга. Попладнево момците на Веселин Вујовиќ лесно и рутински стигнаа до висока победа во дуелот против домашната екипа на Струга. Конечниот резултат гласеше 39:26.

Противникот одржуваше резултатска неизвесност само во првите минути од натпреварот кога се играше гол за гол. Потоа следеше серија на погодоци од вардарци, за да се одлепиме резултатски на четири голови. До крајот на првото полувреме, само го зголемувавме водството и на полувреме заминавме со солидна предност од 21:14.

На овој натпревар за разлика од вчерашниот во Супер Купот против Еурофарм, играа и новите засилувања, Кудуз, Чувара, Тото, Диало. и голманот Сафар. Вардар делуваше моќно и целосно ја оправда фаворитската улога на овој натпревар. Вујовиќ имаше доволно простор за ротација, давајќи им шанса за настап на сите играчи.

Новото засилување на левата крилна позиција, Јан Чувара, беше најефикасен со 7 голови, додека Џереми Тото постигна 6.

Вардар 1961: Јагуриновски, Валчак 3, Моралес 4, Карапалевски 1, Диало 4, Чувара 7, Тото 6, Гаџа, Талески, Дибиров, Ѓукиќ 2, Кудуз 4, Атанасовски 3, Ќосевски 3, Сафар, Гогов.