Машката кадетска ракометна репрезентација успеа да ја победи Полска и да се пласира во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот кој се одржува во Скопје.
Избраниците на Кирил Лазаров се извадија за поразот од Грција и на вчерашниот натпревар славеа против репрезентацијата на Полска.
Македонија беше репрезентацијата која го диктираше темпото на игра и која во текот на првото полувреме имаше предност од 1-3 голови. На моменти, Полска и го израмнуваше резултатот, за Македонија да поведе и со највисоки три гола разлика, но поради послаб наш финиш на првиот дел, на одмор се замина само со еден гол позитива (16:15).
На стартот на вториот дел направивме серија од 5:1 и тука како да го „скршивме“ резултатот. Разликата од пет гола ни беше доволна за да се пласираме во 1/2 финалето. На крајот победивме со резултат 30:25. Савревски Давид беше во составот но не постигна гол.
Македонија и Полска ќе играат во полуфналето на ЕХФ Шампионатот, додека Грција отпадна од игра.