Вчера продолжија натпреварите во детската фудбалска лига. На терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра натпревар во генерација родени 2002 година помеѓу екипите на Вардар и Милано. Екипата од Куманово не се покажа ни од блиску достоен противник за нашите млади надежи, кои го прегазија противникот. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 10:2.
Уште по првото полувреме беше решен победникот на овој меч, откако на одмор се замина со убедливи 5:0. Првиот пораз во оваа сезона во минатото коло немаше големо влијание за Вардарци, кои одиграа еден квалитетен натпревар на кој покажаа голема надмоќ во дуелот со Милано. Утеха за противникот е барем што успеа да постигне два гола во нашта мрежа.