Вардарки одиграа натпревар од соништата против Норвешки Ларвик и со “една нога“ веќе се на завршниот турнир во Будуимпешта. Сигурно дека очекувавме победа на првиот натпревар во нашата арена, но триумф од 14 голови разлика ретко кој можеше да поверува дека можеме убедливо да совладаме екипа која доаѓа од ракометна земја која била европски, светски и олимписки ракометен шампион. Дали црвено-црните девојки го одиграа својот натпревар на кариерата проценете сами, но сигурни сме дека Амандин Лејно е играчот која најконстантно игра во добра форма на секој речиси натпревар.
Популарната “Дуду“ успеаа да собере 20 успешни одбрани, од кои најголемиот дел беа удари од чисти позиции за екипата на Ларвик. Таа беше нерешлива енигма за Норвешкиот шампион кој немаше решение за нејзините одбрани. За цели 17 минути противникот успеа само на два пати да ја совлада одличната Лејно, која дефинитивно имаше своја вечер на нашиот гол. Сигурно дека овој резултат немаше да биде изразен со толку голема разлика, доколку не беа одбраните на Лејно. Сите нејзините соиграчи и честитаа, а публиката неможеше да поверува на своите очи. Нејзиното име беше скандирано неколку пати и дефинитовно заслужи ваква чест од навивачите и ние ќе кажеме само “капа доле“ Амандин Лејно.