Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Десниќ го пропушта гостувањето во Виница
Десниќ го пропушта гостувањето во Виница

Десниќ го пропушта гостувањето во Виница

Поради повреда добиена на натпреварот со Воска, најдобриот стрелец на Вардар, Дарио Десниќ ќе мора да паузира одредено време и да биде надвор од зелените терени.

Десниќ се повреди откако постигна гол со Воска, а според нашите информации се работи за повреда на задната ложа, која ќе го одалечи од фудбалските терени на дуелот во Виница овој викенд, а сигурно и на дуелот од Купот.

Ова е голем хендикеп за Вардар, бидејќи нема да може Грнчаров да смета на својот најдобар стрелец со пет постигнати гола сезонава.