Добри вести за ФК Вардар. По двата жолти картони во воведното коло во Чегране и суспензијата, Дарко Десниќ стрелецот на голот токму во првото коло, се враќа во тимот и најверјатно ќе го завземе стартното место на позицијата крилен играч.
Десниќ е од исклучителна важност за тимот на Грнчаров, па сигурно дека оваа информација е добредојдена во таборот на Вардар.
Инаку да напоменеме дека Вардар во Радовиш не гостувал повеќе од една деценија, па така утрешниот натпревар ќе ја прекрши оваа традиција. Дуелот на Детонит Плачковица и Вардар, се игра утре со почеток од 16 часот.