Утре со почеток од 16:00 часот на градскиот стадион во Радовиш, натпревар од 3.коло во ВМФЛ ќе одиграат екипите на Детонит Плачковица и Вардар. Тоа се екипите кои после две одиграни кола освоија максимални 6 бодови.
Главен судија на натпреварот ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија, додека за помошници се назначени Тоше Ицев ( Кавадарци) и Зоран Ангелов (Неготино).