Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2006“ одиграа две реми средби, генер. “2003“ поразена, генерац. “2002“ со службена победа
ФК Вардар генер. “2006“ одиграа две реми средби, генер. “2003“ поразена, генерац. “2002“ со службена победа

ФК Вардар генер. “2006“ одиграа две реми средби, генер. “2003“ поразена, генерац. “2002“ со службена победа

Денеска на терените на фудбалската федерација на Македонија својот дуел од детската лига го одиграа ФК Вардар генерација “2003“ предводена од Ане Андовски. Оваа генерација се сретна со врсниците од  екипата на ФК Фортуна. Во овој цврст дуел помеѓу две силни екипи на теренот поуспешни се покажаа играчите тимот на Фортуна кои однесоја минимална победа. Во првиот дел кој изобилуваше со доста дуел игра, цврст фудбал екипата на нашите противници со еден погодок успеа на одмор да замине со предност од 1-0.  Во вториот дел се обидовме да дадеме максимум да се вратиме во мечот ама не успеавме , двете екипи постигнаа по еден погодок во противничките мрежи и овој дуел заврши со победа на Фортуна од 2-1. Стрелец на единствениот гол за црвено-црните надежи беше младиот Петрушевски во вториот дел тој изедначи на 1-1, сепак овој погодок не беше доволен за победа. Оваа генерација оваа пролет не знае за победа бидејќи забелажа едно реми и два пораза досега.

Кај фудбалерчињата од ФК Вардар генерација “2006“ денес на програмата имаше два дуели од детската лига. Избраниците на Игор Кралевски на фудбалските терени на ФК Работнички во градскиот парк во Скопје се сретнаа во првиот дуел со екипата на ФК Форца. Младите момци од ФК Вардар (1) на овој дуел беа подобри имаа десетина шанси кој за жал “фортуната“ не сакаше да бидат погодоци. Само една од овие серија шанси заврши зад грбот на противничкиот голман тоа беше ударот на Стефан Коловски. Противниците успеаа од една полу-шанса да постигнат гол, на погодокот за Форца “кумувааше“ и грешката на нашата комплетна одбрана. Овој дуел заврши со резулат 1-1, но треба да се напомене дека црвено-црните постигнаа уште два гола кој судијата реши дека не се важечки што во најмала рака е дискутабилно.

Во вториот меч денес на истиот терен се сретнаа ФК Вардар (2) со екипата на ФК Кул. Овие избраници на Кралевски Игор исто така одиграа реми исход како и момците во првиот меч.  Овие момци играа навистина динамичен меч со многу трчање, акции, шанси но за жал и слаба резалзиација на истите. Сепак важно е што цело време топката беше во посед на црвено-црниот тим кој заради тоа создаде дузина прилики. Овој дуел заврши со резулат 2-2, за нас стрелаа Михаил Танчев и Максим Цониќ. Најважно и ако немаше победа и нови три бода ФК Вардар (2) играше цело време фудбал на ниво со за разлика од противниците.

Екипата на фудбалскиот клуб Вардар генерација “2002“ требаше денес да одигра како и другите генерации фудбалски меч од детската лига, но нашите противници не се појавија на теренот на фудбалската федерација на Македонија. Избраниците на Петар Георгиевски требаше да играат со врсниците од Сарај  во 12:00 часот, но по нивното непојавување ние запишавме службена победа од 3-0.