Коцката е фрлена !!! По една година пауза не делат 90минути до нова Шампионска титула 9та за црвено-црните и 8ма во независна Македонија. Затоа сите утре на стадион Вардар не се сака само на ФБ со виртуелна љубов. Терминот е одличен 18-00 вечерен совршен за солидна посетеност .
Вардар на овој меч влегува како лидер со 6 бода предност и со победа ќе се промовира во шампион на Македонија за сезоната 2014/15 година . Затоа да го подржиме светиот црвено-црн клуб од трибините на нашата најголема спортска арена Филип Втори.