Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јованка Радичевиќ за Вардарфанс: Ова е “финале“, пред финале

Јованка Радичевиќ за Вардарфанс: Ова е “финале“, пред финале

Остана уште малку , само неколку дена до големиот спектакл во Будимпешта на кој ќе учествуваат и нашите девојки. Вардарки во полуфиналето на Ф4, закажано за 9-ти мај силите ќе ги одмери со Вицепрвакот, екипата на Будуќност од Црна Гора. Ова ќе биде реприза од минатогодишното полуфинале, кога токму овие две екипи се сртнаа. Во тој дуел, дури по две продолженија поуспешни беа Црнагорките.

Свое видување за овој голем предизивик ни даде крилото Радичевиќ, која очекува неизвесен натпревар.

  • Не очекува еден многу тежок натпревар. Имавме можност да играме со Будуќност оваа сезона и минатата година на завршниот турнир. Имаат добар тим, знаеме дека ова е едно финале, пред финале. Добро се подготвувавме и трениравме во изминатиов период. Верувам дека спремни ќе го дочекаме овој важен натпревар. Оној кој ќе биде посмирен и ќе направи помалку грешки, тој на крај ќе слави, изјави Радичевиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски