Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинската ракометна репрезентација ги доби противниците за Европското првенство

Младинската ракометна репрезентација ги доби противниците за Европското првенство

Денеска беше извлечена ждрепката за Европското првенство, кое ова година треба да се игра во Градот Валенсија(Шпанија). Нашата репрезентација после успешно одиграните квалификации, на кое го освоивме првото место со три победи, доби можност да игра на едно големо ракометно натпреварување.

Македонија ќе игра во групата Б, заедно со репрезентациите на Русија, Германија и Литванија. Првите две пласирани селекции од сите четири групи ќе продолжат во следната главна фаза. Доколку поминеме, ќе вкрстиме со групата А, каде доминираат балканските земји. Во оваа група заедно се најдоа Данска, Србија, Хрватска и Црна Гора. Европското првенство во Шпанија, ќе се игра во периодот од 23 јули до 2 август. Во оваа репрезентација предводена од Симе Симовски, доминираат во најголем дел ракометарките на Вардар.

ГРУПА А: Данска, Хрватска, Црна Гора, Србија
ГРУПА Б: Русија, МАКЕДОНИЈА, Германија, Литванија
ГРУПА Ц: Шведска, Романија, Унгарија, Франција
ГРУПА Д: Португалија, Норвешка, Шпанија, Белорусија