Избраниците на Сашо Јанев, генерацијата родени “2005„ година стигнаа до деветтата последователна поебда во рамките на регионалната-скопска лига, откако денес на домашен терен ја совлада убедливо екипата на Кул.
Стартери за Вардар беа: Илиевски, Кукуловски, Таневски, Јакимовски, Ристовски, Спасиќ, Сековски, Гаштаров, Величковски (c), Јовановски, Лефковски.
Во првото полувреме и двете екипи имаа по една голема шанса да го отворат резултатот. Првиот директен удар го имаше екипата на Кул, но одбрани нашиот голман, Леонид Илиевски. Вардар имаше прв можност да го отвори резултатот, откако најпрво биеше Гаштаров, со крајни напори одбрани голманот, на одбиената топка наиде Величковски кој ја погоди само гредата од противничкиот гол. Статива успеа да погоди и гостинскиот тим, откако еден од нивните играчи сакајќи да нафрли од левата страна случајно ја погоди стативата од голот на Вардар. Уште една изгледна прилика имаше Вардар, кога после одлична организирана акција, Лефковски биеше откосо од десеттина, метри, само неколку сантиметри крај голот на Кул. По првото полувреме не видовме гол, па на пауза се замина со резултат 0:0.
Разликата во квалитет дојде до израз во вториот дел, кога Вардар успеа да постигне четири голови и да го реши победникот на овој меч од регионалната-скопска лига. Јакимовски прв се закани во овој дел од мечот, но шутира само над голот. Сепак набргу стигна и отварање на резултатот кога погоди Матеј Гаштаров за предност на Вардар од 1:0.
Прва измена во нашите редови, од игра излезе Сековски, на негово место е Цветков. Кул се закани, но одличен на голот е Леонид Илиевски, кој брани тежок удар на противникот од прекин. Иницијативата вроди со плод, кога Кул по втор пат беше принуден да ја вади топката од својата мрежа. Јовановски најпрво упати удар, голманот одбрани, но на одбиената топка стигна Лефковски Давор кој погоди за 2:0. Само неколку минути подоцна проследивме прецизно нафрлување во противничкиот шеснаесетник на Лефковски, кој го пронаоѓа Величковски, кој со глава ја тресе мрежата на Кул, за веќе водство од 3:0.
Гостинскиот тим имаше голема прилика да постигне почесен гол, но еден од нивните играчи не успева да го совлада Илиевски. До крајот на мечот, гол втор на мечот за Величковски, кој по одлична акција со Гаштаров, ги постави конечните 4:0 на овој натпревар. Шанса за игра до крајот на дуелот добија сите играчи кои денес беа на располагање.
Ова беше деветта победа од исто толку мечеви за генерацијата “2005„ на ФК Вардар во ова натпреварување, со која остануваат зацврстени на врвот на табелата.