Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победнички ден за ФК Вардар генер.2008 во Детската лига, момците на Крстев постигнаа 21 гол
Победнички ден за ФК Вардар генер.2008 во Детската лига, момците на Крстев постигнаа 21 гол

Победнички ден за ФК Вардар генер.2008 во Детската лига, момците на Крстев постигнаа 21 гол

Две нови убедливи победи денес видовме на теренот на ФФМ на мечевите во детската лига за ФК Вардар генер.2008. Момците на Крстев Миле успеаа да постигнат 21 гол во противничките мрежи на денешните средби.

ФК Вардар-1 со високи 11-0 го совалда тимот на ФК Кул во првиот денешен дуел. Дуелот почна  со наша иницијатива и два рани погодоци на момците во црвено-црно. Иван Ташевски и Ненад Дамјановски отворија со голови од дистанци за почетни 2-0. Имавме повеќе од играта па по асистенција на Трпевски Лука на 3-0 зголеми Бранковски Стефан. Противникот се закани, но на нашиот гол одлично одбрани Лука Грчевски.  Двојна прилика за гол имаше Лука Трпевски сепак не успеаа да зголеми. До крајот имавме повеќе од играта исти играч погоди уште двапати. Арти Азизи најпрвин по соло продор зголеми на 4-0, а потоа од лево одлично беше пронајден од Киш Матео и умешно погоди за 5-0. Со овој резултат заминавме на одмор.

c2

Вториот дел почна со обид на Ташевски Иван, кој шутна силно од дистанца сепак голманот на ривалот одбрани. Стефан Бранковски успеаа одлично да искористи една одбиена топка и погоди за 6-0. Потоа Арти Азизи и Стефан Бранковски погодија по уште еднаш, интересно што додека едниот погодуваше другиот беше асистент, имаа одлични двојни проиигрувања пред противничкиот гол. Со овие два нивни гола водевме со високи 9-0 на 3-4.минути до крајот. Во финишот погодивме уште три пари, еднаш погоди Азизи, потоа Лука Трпевски и на крајот печат на победата стави капитенот на оваа генерација Ненад Дамјановски. До победата дојдовме со вкупи 11-0 на оваа средба од детската лига.

c4

Во вториот дуел ФК Вардар-2 дојде до победа во средбата со ФК Нова Колонија со резултат 11-3. Веќе на почетокот преку Петар Блажевски успеавме да го отвориме овој дуел со погодок за 1-0. Ривалот се закани, но на нашиот гол одлично одбрани Дарко Јовчев. Дојде до мал пад во нашата игра па Нова Колонија најпрвин изедначи на 1-1, а веднаш потоа и поведе со 1-2. Веднаш се вративме од овој “ладен туш“ тргнавме агресивно и за 2.минути направивме пресврт, изедначивме на 2-2 преку Коста Бошковски кој доби асистенција од Блажевски. Веднаш потоа со удар од дистанца поведувавме со 3-2, стрелец на голот беше Коста Бошковски.  Две прилики имаше во првиот дел Митаноски Илија, во првата шутна крај голот, а во втората по одлично свртување ефективно погоди за 4-2. Со овој резултат се замина на одмор.

Вториот дел почна со статива за нас, по ударот на Бошковски Коста. Павел Андов стапи на сцена, во првиот обид голманот исфрли во корна во вториот зголеми на 5-2. Матео Киш погоди со удар од далечина во директот. Следеа два гола на Стефан Марковски, момчето со надимак “Смешко“ ги растажи противниците со погодците за 6-2 и 7-2. Противникот по една нафрлена топка намали на 7-3. До крајот имавме четири прилики во првата одлично шутна Јаковлевски Петар крај голот. Во наредните три погодивме исто толку пати преку: Филип Сребреов, Коста Бошковски и повторно “Смешко“ стрелаше. Со нивните погодоци победивме со 11-3.