Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Голем “шок„ за пионерите на ФК Вардар, Македонија Ѓ.П ни го нанесе првиот пораз сезонава
Голем “шок„ за пионерите на ФК Вардар, Македонија Ѓ.П ни го нанесе првиот пораз сезонава

Голем “шок„ за пионерите на ФК Вардар, Македонија Ѓ.П ни го нанесе првиот пораз сезонава

Голем шок за пионерите на ФК Вардар кои го загубија денешниот дуел од 10.првенствено коло. На домашен терен не победи тимот на Македонија Ѓ.П, кој пред ова коло немаше ниту еден триумф во лигата.

Тренерот Кралевски стартуваше со следните 11-сетмина: Станковски, Ѓорѓиевски, Костовски, Крстевски, Симев, Речица, Андоновски, Ѓурковски, Петејчук, Игнатов, Омерагиќ.

Омерагиќ го имаше првиот директен удар на голот кога со глава биеше, но без опасност кон противничкиот гол. Противникот се покажа како цврста екипа во првиот дел и можеме да кажеме дека успешно се бранеше од нашите напади. Вардар е прв кој успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0, откако од левата страна топка нафрли Игнатов во противничкиот шеснаесетник, најприсебен беше Омерагиќ кој со глава од непосредна близина успеа да му донесе водство на својот тим од 1:0.

1

Вардар имаше голема прилика да го зголеми резултатот, но Леонид Игнатов  немаше среќа, кога при една акција ја погоди само пречката од голот на Ѓорче. По една грешка на Ѓорѓиевски во дефанзивната линија кој извиси, гостинската екипа успеа да го совлада Станковски и да го израмни резултатот на 1:1. Веднаш измена во нашите редви, играта ја напушти Ѓорѓиевски, а на негово место е Величковиќ-Радуловиќ. До крајот на првиот дел го одбележуваме ударот на Игнатов кој заврши над голот, како и стативата на Андоновски кој сакајќи да нафрли, топката го допре еден од противничките играчи, но заврши само во стативата. По првиот дел резултатот е нерешен.

Голем “шок„ во второто полувреме за избраниците на Кралевски, кои примија дури четири голови. На стартот на вториот дел измена во нашите редови, Асани влезе на местото на Симев. Голема грешка на нашиот голман, Станковски кој не реагираше бргу при вратена топка од неговите соиграчи, тоа го казнува противникот и прази резултатски пресврт за 1:2. Несфатливо како успеавме да примиме нови голови од последнопласираниот на табелата. Матеј Величковски на голот го замени Станковски, но ниту тој денес не се прослави, нашите двајца голмани имаа слаб ден и дел од погодоците одат на нивна душа.

3 4

Омерагиќ со глава се обиде, но одбрани голманот, како и Ѓурковски, но резултатот остана непроменет. Кикс на последната дефанзивна линија во напите редови, тоа го казнува повторно гостинот и зголемува на 1:3. Можеби и среќата на овој меч не беше на наша страна, Омерагиќ погодува пречка, втора за Вардар на овој дуел, ако се вброи плус и стативата на Андоновски. Сепак Игнатов успеа да донесе резултатска симетрија на мечот и да намали на 2:3. Сепак после две минути, Македонија Ѓ.П од прекин постигнува евро гол, го матираат Величковски и зголемуваат на 2:4. Иако имавме негатива не се предадовме, но гостинскиот тим пукна “петарда„ во нашата мрежа и зголеми на 2:5. Во последните пет минути, Леонид Игнатов постигна два гола, хет-трик за него на денешниот дуел за конечни 4:5. Останаа уште две минути до крајот, па судијата отсвири крај на овој меч полн со голови.

Ова беше прв пораз за Вардар сезоната, а прва победа за Македонија Ѓ.П. Изгубивме непланирани три бодови, но сепак остануваме на првото место на табелата.