Противникот на ФК Вардар во лигата на шампиони, екипата на Динамо Загреб со победа ја започна одбраната на титулата во првенството. Противник во првото коло на “Максмир“ им беше екипата на Локомотива, која успеаа да ја совладаат со резултат 3:1.
Иако гостинскиот тим прв успеа да поведе на овој натпревар со 0:1, до крајот на мечот “модрите“ од Загреб направија комплетен пресврт, освојувајќи ги првите три бода во новата натпреварувачка сезона. Стрелци на головите беа Хоџиќ на двапати и Судани кој го постигна израмнувачкиот погодок. Во составот за овој дуел беше и Марко Пјаца, кој долго време се поврзува со трансфер во шампионатот на Италија, во екипата на Јувентус, иако за него постои интерес и од други клубови. Знаеме дека на првиот натпревар одигран на арената “Филип втори’ тој не беше во составот.
Реванш дуелот со Вардар е закажан за вторник, со почеток од 20:45 минути. Црвено-црните ќе се обидат да направат изненадување во Загреб и да издвојуваат победа, која би ги однела во треттото квалификациско коло.