Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Ангела Тодоровска: Се чувствувам одлично, тренирам напорно и спремна сум да ја започнам новата сезона најдобро што можам
Ангела Тодоровска: Се чувствувам одлично, тренирам напорно и спремна сум да ја започнам новата сезона најдобро што можам

Ангела Тодоровска: Се чувствувам одлично, тренирам напорно и спремна сум да ја започнам новата сезона најдобро што можам

Екипата на ЖРК Вардар Јуниор е најпријатното изненадување во сезоната која измина. Избраничките на Симе Симовски успеаа на крајот од сезоната во супер лигата да завршат на второто место, пред својот најголем конкурент екипата на Металург. Иако тимот од Автокоманда важеше за голем фаворит за тоа место кое води во ЕХФ купот, сепак младите Вардарки се надминаа себеси и на изненадување на ракометната јавност од следната сезона ќе играат во ова европско натпреварување. Имавме можност да играме и во Челинџ купот, каде стигнавме до четвртфиналната рунда. Таму бевме елиминирани од екипата на Карпати. Претходно бевме подобри во двомечевите со Лондон Ејнџелс и Војводина Минаква. Една од ракометарките која имаше голема улога во добрите резултати на Јуниор е сениорската репрезентативка Ангела Тодоровска, која за нашиот сајт ги сподели впечатоците од сезоната која заврши во сите натпреварувања и очекувањата за следната сезона.

-Успешна и добро измината сезона за нас, “Вардар Јуниор”. Второто место во супер лигата беше точно нашата цел, која ја исполнивме успешно на самиот крај, со што докажавме дека сепак вредиме како тим за тоа место. Настапите во Челинџ купот, исто така, имаа доста голема улога во сето ова, затоа што со нив стекнавме големо искуство и уште поголем мотив за подобар крај на сезоната.

Тренерот Симовски неможеше да смета на услугите на Тодоровска во пролетниот дел од сезоната, поради повреда, но проблемите се веќе надминати за Ангела која се враќа на стартот на подготовките за екипата на Јуниор.

-Јас вториот дел од сезоната го пропуштив поради повреда, но тоа за мене е веќе минато. Се чувствувам одлично, тренирам напорно и спремна сум да ја започнам новата сезона најдобро што можам. На мојата екипа и се приклучувам на подготовките во Август, изјави Ангела Тодоровска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски