Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Официјално, Светската федерација го потврди учеството на Вардар на “Светскиот куп“
КУГЛАЊЕ! Официјално, Светската федерација го потврди учеството на Вардар на “Светскиот куп“

КУГЛАЊЕ! Официјално, Светската федерација го потврди учеството на Вардар на “Светскиот куп“

Официјално е потврдено учеството на нашите црвено-црни куглари на “Светскиот куп“. Откако како што претходно беше познато вардарци се подготвуваа за овој настан требаше да се официјализира истиот. Одговорните во клубот пратија соодветна апликација до Светската федерација за куглање ( FIQ NBC ), а истата официјално потврди дека ние сме учесници на овогоднешното издание на овој европски турнир каде има   квалитетно куглање.

 Според планот момците од кугларскиот клуб  Вардар годинава во октомври ќе учествува на “Светскиот куп“ во Болчано-Италија. Избраниците на Димитровски Драги оваа сезона освоија две втори места во македонското куглање, тие беа вице-шампиони во Купот на Македонија и во Македонската кугларска лига. Шампионот кугларскиот клуб Макпетрол се одлучи да учестувава на НБЦ-купот кое е трето по квалитет натпреварување во кугларска Европа, па ни се отвори шанса да го одбереме овој најсилен собир. Играчите кои се на располагање на тренерот Драги Димитровски се дефинирани бидејќи по крајот на летниот преоден рок единствен кој го напушти КК Вардар беше Дане Јакимовски, тој својата кариера во екипата на КК Макпетрол. Ново име има  досегашниот ростер со кој настапуваше Вардар тоа е Бранко Митиќ. Лани по првата година постоење во ваков формат на црвено-црниот кугларски колектив обезбедивме како побединци во Купот во куглање пласман на НБЦ-купот во Австрија каде имаше неколку поранешни европски шампиони. Таму остваривме успех и се пласиравме во првата половина од 24 екипи учеснички на истиот. Годинава вардарци се решија за настап на  “Светскиот куп“ во Италија, тоа место каде ќе се појават 14 најдобрите екипи на планетата, односно шампионите кои најдобри  во 14 европски земји. Очекуваме оваа сезона веќе од како по ова официјално потврдување на учеството на тимот се знаат целите за сезонава, еден добар пласман во, а истиот и една од двете титули во мак.куглањето од вардарци.