Селекторот на женската сениорска ракометна селекција на Црна Гора, Драган Аџиќ го објави конечниот официјален списокот на 14 ракометарки кои ќе патуваат во Рио. Бразил. На списокот за учество на најмасовното светско спортско збиднување оваа година се најдоа и две црвено-црни црнагорски интернационалки, Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац.
Со ова Радичевиќ и Кликовац се потврдени патници на Олимпијадата во Рим. Списокот содржи сосема очекувано голем број на ракометарки од домашниот шампион на Црна Гора, дури девет девојки доаѓаат од Будуќност, од кај нас доаѓаат две девојки со што Вардар е втор клуб по застапенос во селекцијата, по една девојка имаат и од Кастамону-Турција, Мец- Франција и Ерд-Унгарија. Нашите две девојки заедно со остатокот од експидицијата најпрвин патуваат за Ајндховен каде ќе настапат на турнир со Русија, Шведска и Холандија. Потоа на 31 јули заминуваат за Рио со цел да имаат време за аклиматизација. На самата Олимпијада ќе играат во група со Шпанија, Ангола, Романија, Норвешка и Бразил.