Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Јуниорската машка ракометна репрезентација подобра од Словенија во тест-меч пред Е.П
Јуниорската машка ракометна репрезентација подобра од Словенија во тест-меч пред Е.П

Јуниорската машка ракометна репрезентација подобра од Словенија во тест-меч пред Е.П

Младинската ракометна репрезентација ги има последните подготовки во кои покрај тренинзи за воигрување ќе  одигрува и контролни натпревари, како подготовка за европското првенство во Данска, кое ќе се игра во периодот од 28-ми јули до 7-ми август во Данска. Два играчи на Вардар ќе бидат дел од ова европско првенство во составот на Македонската репрезентација, се работи за бековите Александар Димовски и Стефан Трпчевски. Вчера оваа селекција  ја совлада соодветната селекција на Словенија во вториот пријателски меч во рамки на подготовките за ЕП 2016. Во уште еден тесен и максимално неизвесен натпревар, Македонија победи со 22-21. Во првиот дуел црвено-жолтите со оваа селекција играа добро и беа теснои поразени со 20-18.

Мечот  во Рогла имаше сличен тек на првиот меѓусебен дуел на овие две селекции . Рано во мечот Македонија го превзема водството кое го одржуваше во најголемиот дел од натпреварот. Предводени од Филип Талески кој само во првото полувреме постигна 5 голови, избраниците на Александар Јовиќ на пауза заминаа со предност од 10-8. Во неколку наврати на почетокот на второто полувреме, нашите ракометари имаа можност да ја зголемат разликата, сепак Словенија во периодот од 43-та до 50-та минута, со серија од 4 голови направи пресврт и поведе со 20-17. Но нашиот состав не дозволи противникот посериозно да се одлепи, а свои минути во завршницата имаше Филип Арсеновски, кој воедно го постигна и последниот гол за Македонија во последната минута, за водство од 22-20 кое значеше и победа на средбата. Домаќините докрај успеаа само да го ублажат поразот со еден погодок мечот заврши  22-21. Најефикасни во црвено-жолтиот табот беа:  Филип Талески  6 голови,  Арсеновски постигна  4 погодоци.  Палевски и Нелоски имаа по 3 затресување на мрежата, апак по 2 гола запишаа зад своето име  Кузмановски и Крстевски. По еднаш усепаа да стрелаат и Велковски и Јагуриновски.

Момците  по ова втора контролка со словенците во  Рогла, ќе заминат за  за Умаг во  Хрватска. Таму ќе  се одвива следната фаза за подготвките за ЕП. Во Хрватска ќе се тренира по два пати дневно заклучно со 27 јули, за кога е предвидено заминувањето за Данска на Европското Првенство.  Македонија во Умаг ќе одигра и две пријателски средби против домашната репрезентација, на 23 и 24 јули.