Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Виктор Димков: Квалитетот е на наша страна, што ќе се покаже како пресуден на крајот од овој дуел
Виктор Димков: Квалитетот е на наша страна, што ќе се покаже како пресуден на крајот од овој дуел

Виктор Димков: Квалитетот е на наша страна, што ќе се покаже како пресуден на крајот од овој дуел

Младинците на Фк Вардар остварија одличен резултат, на првиот меч во рамките на 1/4 од купот на Македонија. Избраниците на Марковски-Калц го победија Шкупи, на гостински терен со 1:2 и имаат големи шанси да се пласираат во четирите најдобри екипи во ова натпреварување. Головите за црвено-црните беа дело на Виктор Димков со евро-гол од повеќе од 30 метри и на Кристијан Апостоловски кој погоди во 90 минута од мечот. Димков повторно игра одлична сезона во дресот на Вардар и се повеќе се наметнува како еден од оние кои ќе добиваат шанса и во првиот тим предводен од Седловски.

Натпреварот се одвиваше во најдобар ред, поведовме во 35 минута со гол од слободен удар и така заврши првото полувреме. Во вториот дел по еден погодок на двете страни за конечен триумф на Вардар. За нас многу значи оваа победа остварена на гостински терен, што ни дава голема шанса да се пласираме во полуфиналето на купот и истиот подоцна да го освоиме. 

Веќе утре се игра дербито од 9 коло на младинското првенство, помеѓу Вардар и Металург. Овој меч ќе се одигра на Железарница, со почеток од 11 часот.

Во недела против Металург имаме големи шанси за победа, иако противникот е многу добра екипа која максимално ја респектираме. Мислам дека квалитетот е на наша страна, што ќе се покаже како пресуден на крајот од овој дуел, изјави Виктор Димков за Вардар фанс.

Звонко Ивановски