Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Против Преспа, за продолжување на патот кон главната цел
Против Преспа, за продолжување на патот кон главната цел

Против Преспа, за продолжување на патот кон главната цел

Дербито во 6 коло на првата машка ракометна лига, ќе се одигра вечерва помеѓу екипите на Вардар 2 и Преспа 2010. Овој меч ќе започне во 19 и 30 часот, во спортскиот ракометен центар Кале. Вардарци се наоѓаат во одлична позиција и како лидери ќе го дочекаат овој дуел. Вкупно пет победи и еден пораз е билансот за избраниците на Петрушевски, пред овој важен натпревар.

Екипата на Преспа во претходното коло направи мало изненадување, откако на домашен терен го победи еден од најголемите претеденти за влез во супер-лигата, тимот на ХЈС Работник. Тој меч заврши со триумф на Преспа, со резултат 23:20. Црвено-црните пак немаа поголеми проблеми во 5 коло и на гостински терен беа убедливи против Метрополис. Противникот на денешниот меч, има забележано три победи, еден пораз и еден нерешен резултат. Има и еден заостанат натпревар за одигрување. Предноста е на страната на Вардар, кој има поголем квалитет и поради играњето на домашен терен. Многу е важно да се триумфира на овој дуел, за успешно чекорење на патот кон главната цел на крајот од сезоната.