Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Виктор Димков: Најважно е што делуваме како вистински тим, сите се бодриме и помагаме да стигнеме до посакуваната цел

Виктор Димков: Најважно е што делуваме како вистински тим, сите се бодриме и помагаме да стигнеме до посакуваната цел

Изминатиов викенд се одигра треттото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Младинците на ФК Вардар стигнаа и до треттата победа, откако на домашен терен беа подобри од екипата на Милано. Нова сигурна игра за избраниците на Љупчо Марковски, за нови три бода и зацврстување на првата позиција на табелата. Виктор Димков беше дел од овој триумф, постигнувајќи еден гол и со асистенција на вториот погодок, кој беше дело на капитенот Личина. Во изјава за Вардар Фанс, Димков ги споделува своите впечатоци од победата против Милано, изразувајќи задоволството од својата и играта на неговата екипа во првите три кола.

-Натпреварот помина во најдобар ред за нашата екипа. Само во првите десет минути покажавме некои слабости во нашата игра, но како одминуваше мечот станувавме се подобри. Иако победивме убедливо сепак не беше толку лесно да се победи екипата на Милано, кој е доста цврст противник и со одлични играчи. Сепак по првото полувреме стекнавме солидна предност од два гола, што ни овозможи порастеретени и со сигурност во себе да влеземе во вторите 45 минути. Се придржувавме на договореното пред почетокот на натпреварот и на советите од тренерот Марковски и рутински го приведовме крајот на натпреварот. Задоволен сум од мојата моментална форма, иако мора уште да поработам на кондиционата подготовка. Најважно е што делуваме како вистински тим, сите се бодриме и помагаме да стигнме до посакуванта цел. Секако очекувам до крајот на сезоната да се бориме за двојната титула, изјави Виктор Димков за нашиот сајт.

Звонко Ивановски