Вчера тројца првотимци на ФК Вардар имаа настапи за своите репрезентации. Селекцијата на Црна Гора одигра 1:1 против селекцијата на Романија. Најзаслужен што Црна Гора го израмни резултатот во 87 минута беше токму нашиот играч, Дамир Којашевиќ. Којашевиќ влезе во игра во 80 минута. Во 87 минута Црна Гора изведе слободен удар, а токму Којашевиќ со одлична топка го пронајде Јоветиќ кој стрелаше прецизно со глава за 1:1. Немања Мијушковиќ остана на клупата, и не настапи на овој натпревар.
Уште еден вардарец настапи за својата селекција, Хофханес Хамбарџумјан ги одигра сите 90 минути за својата репрезентација на Ерменија на гостувањето во Данска. За жал, репрезентацијата на Ерменија загуби на овој натпревар со резултат 1-0, со голот на Ериксен во првиот дел.