Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Последно осмо место за Вардар Јуниор на турнирот “Повеќе од игра“

Последно осмо место за Вардар Јуниор на турнирот “Повеќе од игра“

Младинците на РК Вардар Јуниор изминативе три дена бел дел од првото издание на меѓународниот турнир “Повеќе од игра“ кој се играше во Сараево. Во конкуренција на осум екипи, избраниците на Пепи Манасков го освоија последното осмо место. Одигравме четири натпревари на овој турнир и на сите нив забележавме порази

Во првото коло за противник ја имавме екипата на Целје Пивоварна Лашко. Тука Словенците славеа убедливо со резултат 28:11, а наш најдобар стрелец беше Филип Канчев. Во второто коло од групата се сретнавме со екипата на РК Босна Центротранс. Тука загубивме со тесен резултат 19:16. Во последниот меч од групата игравме против Извиѓач од кој бевме поразени со резултат 23:15. Највеќе голови во нашиот состав на овој дуел постигна Хаџидиновски. Завршивме на последното четврто место во групата, по што игравме за пласман од 7-8 место.

На последниот натпревар загубивме од Црвена Ѕвезда (30:20) и завршивме на последното место на овој турнир.

Конечен пласман на турнирот “Повеќе од игра“ :

1. Целје Пивоварна Лашко

2. Академија Балиќ и Метличиќ

3. Селекција на градот Сараево

4. Извиѓач

5. Пик Сегед

6. Босна Центротранс

7. Црвена Ѕвезда

8. Вардар