Во рамките на второто коло од првенството на младинските категории, избраниците на Љупчо Марковски ја остварија првата победа во новата сезона. Совладана беше екипата на Победа од Прилеп, со резултат 3:0. Беќири, Димков и Даци погодија за Вардар. Виктор Димков повторно се наметнува како еден од претедентите за најдобар стрелец во својот тим.
-Мечот помина во најдобар ред за нас, во кој доминиравме во текот на сите 90 минути. Создадовме многу шанси, од кои три реализиравме. Успеав да постигнам гол и се надевам на уште многу погодоци оваа сезона. Ќе работам напорно, уште малку да ја кренам формата. Тука не застануваме, ќе се бориме како и минатата сезона за титула до последната минута, изјави Виктор Димков за нашиот сајт.
Фото: Тк Медиа
Звонко Ивановски