Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар го покажа “вистинското лице“ на својот прв натпревар на турнирот
Жрк Вардар го покажа “вистинското лице“ на својот прв натпревар на турнирот

Жрк Вардар го покажа “вистинското лице“ на својот прв натпревар на турнирот

Екипата на Инди и Питлик конечно го покажа своето вистинско лице, на првиот натпревар на турнирот. Црвено-црните во премиерата го прегазија Лајпциг од Германија, не давајќи му никаква шанса за поволен резултат. Уште од самиот старт започнавме моќно да играме и така продолживме до крајот на мечот. Својот прв погодок Лајпциг го постигна во 5 минута. Најдобриот поединец на овој дуел, Французинката Лејно уште од првата минута почна да забележува интервенции. Водството се повеќе растеше, во првиот дел највеќе стигнавме до плус седум гола. Со таква позитива и се замина на полувреме.

Вардарки играа јако во одбраната и разновидно во нападот, од каде постигнуваа голови од сите можни позиции. Задоволството на клупата на тренерскиот тандем беше очигледно, тимот после подолг период одигра квалитетен меч во сите 60 минути. Пенезиќ и Лекиќ ја полнеа мрежата на противникот. Во одбраната предводени од Лејно и “ѕидот“ кој го сочинуваа Дамњановиќ, Алтхаус и Лекиќ, тешко се пробиваше тој дел. За одбележување се и атрактивните погодоци на Лејно од цел терен и на Дамњановиќ од нешто поблиску.

Предноста на моменти достигна плус 15 гола, а во листата на стрелци се впишаа сите ракометарки кои влегоа во игра. Најефикасни беа Пенезиќ и Черноиваненко со 6 голови, Лекиќ со 5 и еден помалку додаде Дамњановиќ. Играта прикажана на вчерашниот дуел радува и ветува се подобри игри за нашиот шампион. Денес на програмата е натпреварот против Подравка, со кој не би требало да имаме проблеми околу конечниот триумф и пласман во финалето.