Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Бојан Димоски: Бевме надмоќни во секој сегмент на играта, очекувам многу подобри игри и резултати на наредните мечеви

Бојан Димоски: Бевме надмоќни во секој сегмент на играта, очекувам многу подобри игри и резултати на наредните мечеви

Во текот на вчерашниот ден се одигра четвртото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Помладите пионери на Вардар успеаа да забележат триумф во дуелот со екипата на Победа од Прилеп. Конечниот резултат беше убедлив во наша корист, со пет погодоци во противничката мрежа. Ова е втора победа за оваа наша генерација во првенството, каде има уште еден пораз и нерешен резултат. Дел од триумфот беше и новајлијата Бојан Димоски кој дојде на почетокот на сезоната од екипата на Тетекс и постигна еден гол во освојувањето на трите бода во дуелот со Прилепска Победа.

-Вчерашниот натпревар беше најдобар за нашата екипа оваа сезона. Бевме надмоќни во секој сегмент на играта, каде уште од самиот старт на натпреварот создававме шанси за да го загрозиме противничкиот гол. Задоволен сум од прикажаната игра, иако секогаш може и подобро.  Како поминува врмето се подобро и подобро се вклопувам во оваа екипа на Вардар. Во наредниот период очекуваме многу подобри игри и резултати. Би сакал да освоиме некој од трофеите оваа сезона, изјави Бојан Димоски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски