Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2003“ го “потопија“ Башкими со 17-0

ФК Вардар генер. “2003“ го “потопија“ Башкими со 17-0

Денес на теренот на Академијата на ФК Вардар во градскиот парк се одигра вториот меч на вардаровата генерација 2003 во новата лига. Тие беа домаќини на екипата на Башкими 1947 од Куманово. Избраниците на Томче Трајановски остварија повеќе од убедлива победа на овој дуел во кој целосно доминираа во сите аспекти на фудбалската игра, мечот помина без ниеден удар во рамките на голот на црвено-црните. Мечот го почнаа следните 11 играчи: Стојковски,, Марковски, Трпезановски, Ѓорговски, Давидовски, Јовановски, Стојановски, Прелоговски, Марковски , Андрески и Мешкоски. На клупата за резерви беа Бајрам, Сељанац, Пашариковски, Бошески, Петрушевски, Андреев и Петковски, сите овие добија шанса да одиграат денес.

t2

Дуелот беше права голеада постигнавме 17 гола од кој 10 во првиот дел од овој дуел со кумановчани. Веќе по три минути водевме со 2-0 со двата гола на Прелоговски Александро. Потоа кумановчани се обидоа да се ослободат од нашиот атак, но неуспеаа веднаш стигнаа уште два гола во нивната мрежа преку Мирков Антонио и Андрески Лео поведовме со 4-0. Башкими на 4-0 првпат успеаа да  шутне кон нашиот гол, но топката мина на неколку метра од гол конструкцијата. На сцена стапува Давидовски Петар кој постигнува два едно подруго голови и нашата предност расне на 6-0, точно на половината од првиот дел. Истото успева да го направи и Јовановски Дарио тој погодува двапати во мрежата на Башкими за зголемување на водството на 8-0 за црвено-црните фудбалери од генерацијата 2002. Томче Трајановски по овој резулат почнува да дава шанса на играчите од клупата, прави две измени со цел дел од играчите да одмори и да даде доволно простор на резервистите во овој добиен дуел. Својот хек-трик во продолжение го постигнува Прелоговски Александро кој погодува за 9-0 на 3 минути до крајот на првиот дел. Во финишот на првото полувреме одиме на двоцифрена предност преку Јовановски Дарио за кој ова беше исто така трет погодок на овој меч.

t3

Во вториот дел Бајрам Сејди на голот го заменува Стојковски Лука кој воопшто немаше работа во првиот период, во продолжение ќе се покаже дека и Бајрам воопшто нема да има потреба да реагира бидејќи екипата на Башкими денес беше дојдена да се брани во Скопје. Вториод дел во првите 10 минути не успеваме да го разбиеме бункерот пред голот на Адеми Хади , тој успева да одбрани и неколку чисти удари на почетокот од вториот период. Сепак нивната збиеност пред казнениот простор и дефанзивата неможеше долго да издржи а да не биде разбиена од црвено-црните момци. Во 12 минута од вториот дел погодуваме за 11-0 преку нововлезениот Андреев Дамјан. Веднаш потоа со неговиот втор погодок денес Андрески Лео зголемува на 12-0. Целосно бевме префрлени на противничката половина и постигнуваме три брзи погодоци за 15-0 тие беа дело Петковски Никола кој постигна два погодока и Пашариковски Иван кој успешно стрелаше еднаш. Добивме и пенал со кој можевме да го зголемиме дополнително водстството изведувач на истиот беше Андреев Дамјан, но за жал Адеми Хади успешно инервенира и ја исфрла топката во корна. По изведување на ударот од аголот погодуваме за 16-0 преку Петковски Никола кој влезе во вториот дел и занего ова беше трет погодок. Докрајот се беше формалност се опуштивме бидејќи имавме голема предност, игравме со многу комбинирања и без товар. За конечните 17-0 погоди Прелоговски Александро кој денес беше најуспешен стрелец во црвено-црниот состав со четири гола во мрежата на ФК Башкими од Куманово.

Ова е веќе втора победа за оваа генерација во новата меѓурегионална лига. После триумфот во првото коло против Македонија Ѓ.П, нов убедлив триумф за избраниците на Томче Трајановски.