Избраниците на Ѓоргиевски Петар, младите фудбалски надежи од генерацијата родени 2002 година денес го имаа деби настапот во новата лига, тие истата ја почнаа со висока победа. Бевме домаќини на екипата на ФК Башкими од Куманово на теренот при Академијата на Фудбалскиот клуб Вардар во градски парк, остваривме висока победа со 6-0 (5-0). Мечот го почнавме со Станковски на голот, Ѓорѓиевски, Пешовски, Костовски, Игнатов, Трајановски (К), Илиевски, Речица, Салиу, Фазљиу и Омерагиќ. На клупата за резерви беа голманот Величковски, Крстевски, Петејчук, Шабани, Исени, Симев и Вржаловски сите тие добија шанса за настап на денешниот дуел со кумановчани.
Почнавме резервирано во воведните минути, претпазливо и топката ја држевме на средината од теренот во наш посед обидувајќи се да создадеме чиста шанса за погодок. Веќе во 10 минута Игнатов Леонид одлично центрираше по земја во казнениот простор точно до ногата на Речица Харбин кој пласираше крај немоќниот Јаија Бујар, со овој погодок го отворивме резулатот. Тргнавме по втор гол во продолжение Омерагиќ Азер ја имаше првата посериозна прилика, тој беше во казнетиот простор убаво шутираше топката мина крај стативата. Башкими се обиде да дојде до изедначување напаѓаа во наредните 2-3 минути постојано, нашата одбрана одлично одолеваше, имаа и шанса кога искочија сам на сам со Марко Станковски ,сепак вардаровиот голман беше присебен и одлично одбрани. Веднаш потоа гостите постигнаа гол, кој главниот судија Путилин Бранко го поништи по асистенција на првиот помошник Ивановски Бојан кој “рекламираше“ недозволена офсај позиција. После ова гостите беа подредена екипа на теренот, а ние целосно доминиравме на теренот во градски парк. Брзоногиот Атом Фазљиу прави одличен продор асистира до Омерагиќ Азер кој погодува по земја за 2-0. Потоа имавме прилика преку Салиу Фисник кој се обиде од 20 метра , но ударот мина крај голот на Јаија Бујар. Еден од најдобрите поединци во оваа генерација Марио Илиевски стапи на сцена ја прифати топката на 30-35 метра од голот тргна во соло пробив ја мина одбраната остана сам на сам со голманот и погоди за 3-0 и високо водство на црвено-црните. Нашата доминација веќе беше во полн ек, тоа донесе да погодиме и четврти пат во првиот период Атом Фазљиу беше во соло продор по десната страна дојде до одлична позиција , шутираше силно од работ на казнетиот простор под гредата постигнувајчи прекрасен гол за 4-0. Се очекуваше крајот на првиот дел на мечот , но во последниот напад Ѓорѓиевски Мартин одлично проби по крилната позиција асистираше со центаршут до Омерагиќ Азер кој лесно погоди за 5-0, резулат со кој се замина на одмор.
Тренерот на вардарци на почетокот од вториот дел направи две измени на голот Величковски Андреј го замени Станковски Марко и Крстевски Виктор го замени Мартин Ѓорѓиевски. Вториод дел за разлика од првиот имаше крајно помирен почеток, без поголеми возбудивања пред двата гола. Првата прилика за одбележување е во 10 минута од вториот дел кога Илиевски Марио пропушти двојна прилика , кога Јаија Бујар одбрани двапати по ред и исфрли во корна. Ѓоргиевски во игра ја уфрла целата клупа во продолжение, со што добиваме на свежина. По изведувањето од аголот Пешовски Дамјан биеше со глава над гредата од голот на кумановчани. Потоа две прилики за нас пропушта Игнатов кој во првата беше сам на сам но голманот одбрани, а во втората погоди крај голот. Сепак не траеше долго неговиот “голгетерски пост“ се играше 22 минута од вториот дел нововлезениот Исени Ринор направи продор по крило асистираше одлично до Игнатов Леонид кој со прекрасен волеј постигна гол за 6-0, резулат со кој ќе заврши овој дуел . Ринор потоа повторно имаше продор по крило, овојпат се реши да шутира дирекно во голот сепка топката заврши во мрежата од надворешната страна. Атом беше во продолжение во прилика за седми го, изби сам на сам по одличен спринт со голманот на гостите, сепак неговиот удар заврши над голот. Ринор денес беше еден од поагилните играчи во генерацијата 2002 тој забележа уште една прилика кога со волеј од 20 метри се обиде топката не заврши во рамките на голот. Башкими во вториот дел немаше посериозни прилики освен на 3 минути пред крајот кога тргна во контра по изведена корна сепак присебен и одлично изреагира нашиот одбранбен играч Петејчук Анатолиј. Последна прилика за споменување е големата шанса во последната минута кога Игнатов со ја погоди пречката топката се одби до Атом кој шутираше крај голот на гостите. Оваа е деби победа во првиот настап за оваа екипа во новата лига.