Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар победи на гостувањето кај Македонија Ѓ.П

Вардар победи на гостувањето кај Македонија Ѓ.П

Денес на  стадионот во Ѓорче Петров се одигра  дуелот во 5. коло во првата лига помеѓу Македонија ЃП и Вардар во истиот ние победивме со 0-4 . Црвено-црните стартуваа со следниве: 90.Гачевски, 19. Хамбарџумјан, 6. Грнчаров, 21. Новак, 7. Љамчевски, 16. Глигоров, 14. Велковски, 11. Асани, 70. Фелипе, 10. Којашевиќ, 89. Боарето.

Мечот почна мирно во почетокот без посебни возбувања. Првата прилика во  6.минута ја имаа домаќините кога со  удар  од 25 метри се обиде Милан Ристовски, но  топката оди над голот на Гачевски. Црвено-црните возвратија во 10.минута преку Хамбарџумјан кој проби по десната страна центрира до осамениот Велковски кој со глава се обиде, сепак таа топка беше лесен плен за  Кандикјан. Во следната минута соло акција имаше Асани кој проби одлично исфрли неколку играчи, но шутираше крај голот. Домаќините во продолжението повторно се заканија во 14.минута Цветановски очи во очи со  Гачевски кој одлично одбрани. вардарци бараат шанса за погодок бразилецот , се обидува од дистанца , голманот на домаќините е поуспехен. Вардарци во продолжение се обидува да го скрши отпорот на црвено-жолтите. Успеваме во 37.минута  Корнер за црвено-црните истиот го  изведе Фелипе топката стигна на пет метри до  Новак  тој неуспеа да ја зафати заради дефанзивците сепак  топката стигна до капитенот  Грнчаров на втора статива тој  со глава погоди во голот на  Кандикјан за 0-1 и радост на нашите момци. Вардарци по голот имавме многу прилики, во 39 минута Којашевиќ се обиде домашниот голман одбрани. Три минути потоа во 42 минута Хоф имаше добра шанса , топката отиде над голот. Во 44 минута Велковски  одигра до  Боарето кој искочи сам на сам со домашниот голман, сепак домашниот голман денес имаше свој ден и одлично интервенира. Во  47 минута Балотели повторно во шанса доби одлична топка од Којашевиќ , сепак од мала дистанца го префрли целот гол на Македонија Ѓорче Петров.

Вториот дел почна сосема мирно без некоја поголема шанса на двете страни. Една прилика имавме одкако изведовме  удар аголот кој го изведе   Којашевиќ, топката дојде до  Николов кој шутираше, сепак овој удар не заврши во мрежата. Вардар е поофанзивен во продолжение, редиме шанси но не ги погодуваме се до 73 минута од овој дуел. Најпрвин во 69минута Глигоров Никола се обиде од далечина но неуспеа, потоа и Спировски се обиде безуспешно. Се играше 73.минута од дуелот одлично подавање во празно за Балотели од Николов, кој истрча одлично кон голот на Македонија и одлично пласираше по земја за 0-2 и мирен финиш за црвено-црните. Oтпорот беше скршен по вториот гол, тргнавме по трета радост. По вториот погодок за само три минути во 76.минута погодуваме повторно, одличен центар-шут од лево упати  Петар Петковски топката го погоди  Николов, а тој со волеј ефектно стрелаше во мрежата на “Лавовите“. Тргнавме повторно да го зголемуваме водството, пропуштаме две прилики во финишот преку Николов и Петар Петковски. Се играше 86 минута денес одличниот  Николов асистираше до  Глигоров кој успешно погоди за 4-0. Докрај имавме шанса за “петарда“ преку Глигоров и Боарето но не успеавме.

НАПОМЕНА: По овој дуел избивме на врвот од табелата во ПМФЛ, а воедно нашиот единствен конкурент Шкендија доигра 1-1.