Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Тодор Тодоровски: Од првите минути бевме надмоќни и заслужено победивме

Тодор Тодоровски: Од првите минути бевме надмоќни и заслужено победивме

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар викендов го одиграа четвртото коло во првенството. Избраниците на Љупчо Марковски стигнаа до четвртата победа, откако на гостувањето во Прилеп славеа во дуелот со Победа. Уште едно сигурно издание за нашите младинци кои имаа доминација во текот на целиот натпревар. По првото полувреме имавме водство од 0:2 и полека го најавивме освојувањето на нови три бода. Конечниот резултат гласеше 1:4. Четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој дуел. Најдоски, Личина, Димков и Хамизќ ја затресоа противничката мрежа. Во новата сезона младинците се засилија со десниот бек Тодор Тодоровски, кој е стандарден репрезентативец на репрезентацијата до 19 години. Тој во изјава за нашиот сајт ги сподели впечатоците од новата победа.

-Натпреварот во Прилеп против Победа се одвиваше доста добро во наша корист. Овој дуел го гледав пред се како дерби на кој ние бевме многу надмоќни и заслужено победивме. Од првата минута се беше во наши раце и во почетните минути ние дојдовме во водство. Среќен сум во новата средина и бев добро прифатен како од моите соиграчи кои повеќето ги знам од репрезентација, така и од управата на клубот на чело со мојот тренер Љупчо Маркоски-Калц. Како и секоја година така и оваа атакуваме на двојна круна, изјави Тодор Тодоровски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски