Пионерите на Вардар утре ја започнуваат пролеттната мисија. Пролеттниот дел го отвораме со исклучително тежок натпревар против екипата на Академија Пандев. Пред овој прв пролеттен натпревар “Вардар Фанс” разговараше со новиот играч на пионерите, Христијан Димов, кој го засили нашиот тим од екипата на Работнички.
Како си прифатен во новиот клуб?
- Во новиот клуб сум прифатен многу добро, поголемиот дел од сегашните соиграчи ги познавав од претходно, но кога дојдов тука се почувствував како секој ден да сме тренирале заедно. Затоа ќе ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на соиграчите, а и на тренерот кој што исто така многу бргу ме прифати и верува во мене, а јас ќе дадам се од себе да ја оправдам неговата доверба. Најкратко кажано среќен сум што сум тука и мислам дека го направив вистинскиот чекор кон изградбата на мојата кариера.
Твои очекувања од пролеттниот дел од сезоната?
- Моите очекувања од пролеттниот дел од сезоната се доста големи, односно очекувам ФК Вардар да биде шампион и во купот и во лигата. Одработивме многу квалитетни тренинзи на подготовките и со оглед на тоа мислам дека сите во тимот имаме поголема самодоверба, па така со сета почит кон останатите тимови мислам дека ние ке се радуваме на две титули на крајот од сезоната.