Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар – Брегалница директно на Сител 3
Вардар – Брегалница директно на Сител 3

Вардар – Брегалница директно на Сител 3

В недела ќе биде одиграно новото коло во првата македонска фудбалска лига. Лидерот на табелата, тимот на Вардар, овој викенд ќе ја пречека екипата на Брегалница од Штип. Вардарци на овој натпревар ќе атакуваат на победа, која ќе значи излез од мини кризата која траеше два меча.

Нашиот тим е апсолутен фаворит против штипјани бидејќи разликата во квалитетот и на табелата е евидентна. Брегалница се наоѓа на последната позиција со само 12 освоени бодови.

Овој натпревар сите љубители на фудбалот ќе можат да го проследат низ директен тв пренос на Сител 3. Натпреварот в недела започнува во 14 часот.