Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Само победа е опција за Вардар против Брегалница
Само победа е опција за Вардар против Брегалница

Само победа е опција за Вардар против Брегалница

В недела ќе биде одиграно 22 коло во првата македонска фудбалска лига. Во оваа рунда Вардар на домашен терен ќе ја пречека штипска Брегалница. Вардар на овој натпревар е апсолутен фаворит за освојување на трите бода. Тимот на Брегалница во овој момент се наоѓа на последната позиција на табелата со само 12 освоени бодови, или пак една победа, девет нерешени и единаесет порази.

Овие два тима оваа сезона на два наврати ги одмерија силите, очекувано и на двата натпревари нашиот тим стигна до трите бода. Првиот натпревар беше одигран на 27 август, овој меч нашиот тим го доби убедливо со резултат 5:1. Вториот натпревар Вардар го одигран на гости, и овој натпревар нашиот тим го доби, овој пат со резултат 1:0 со голот на Новак.

Вардарци се во низа од шест победи против овој тим. Последен пат овие два тима ремизирале 0:0 на 4 април 2015 година во Штип. Очекуваме Вардар лесно и убедливо да стигне до трите бода.