Во следново интервју ве запознаваме со Горазд Крстиќ кој настапува за ракометната школа Шампион, кај генерацијата родени “2004/05“ година. Оваа школа втора сезона е дел од “Јуниор“ лигата и бележи добри резултати, како во машкиот така и во женскиот дел на ова натпреварување. Горазд ќе не запознае со желбата да започне да игра ракомет, со неговата школа, мислењето за “Јуниор“ лигата и за учеството на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“.
1. Како се случи да се занимавате со ракомет, дали овој спорт беше ваша прва желба ?
-На пет години тренирав во карате Клубот “Скопје” кај тренерот Горан Алексовски и за моето тренирање имам добиено дипломи и пофалници и имам освоено бронзена медаља на меѓународниот турнир во Лесковац. Стигнав до син појас и на мојата 11 год возраст гледајќи ѓи успесите на нашите репрезентативци и клубски успеси добив желба да тренирам ракомет и мајка ми ме запиша во РК.Шампион Вардар. По кратко време станав дел од тимот кој заедно редиме и ќе редиме успеси.
2. Може ли да ни кажете нешто повеќе за вашата школа ?
-РК Шампион е една од најаките школи за ракомет со ред и дисциплина и со голем број на часови поминати на тренинг, но и дружење со соиграчите и тренерите. Мои тренери се Димитар Бадев и Слободан Чивлачки. Тие работат со нас профисионално, но со другарски однос при што знаат точно кога да не прекорат кога да не пофалат. Тренинзите се одржуваат во О.У. Лазо Трповски и имаме трипати неделно. Секогаш се може повеќе и подобро. Досега сум задоволен од постигнатото соглед на времето за кое тренирам.
3. Кое е вашето мислење за проектот на РК Вардар, наречен “Јуниор“ лига ?
-Овој проект на Ракометниот Клуб Вардар мене како личност која сака спорт многу ми значи бидејќи ме исполнува и го надополнува спортскиот дух кај нас младите. Сигурен сум дека истиот ќе открие повеќе нови талентирани ракометари кои можеби еден ден ќе заиграат за нашата ракометна репрезентација.
4. Што е она највпечатливо во ова натпреварување ?
Највпечатливо е подршката , слогата , тимската игра , но најбитно од се е што стекнувам нови пријатели.
5. Која е вашата цел преку настапите во “Јуниор“ лигата ?
-Мојата цел е да се развијам во добар спортист , кој еден ден можеби ќе заиграм за националниот тим.
6. Бевте дел од турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ на кој освоивте второ место. Како ги виде тие два дена на турнирот ?
7. Овој зимски турнир наликуваше на прав спортски турнир кој ни донесе второ место по напорниот ден во финалето. Затоа што кога има добра организација , добри судии и одлични сали со труд на поголем број бивши спортисти и други лица успешната реализација е очекувана.
Звонко Ивановски