Saturday ,04 December 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор денес го пречекува Металург-2
Вардар Јуниор денес го пречекува Металург-2

Вардар Јуниор денес го пречекува Металург-2

Викендов на програмата е 16.коло во машката ракометна Супер лига. Вардарци денес ќе го играат својот меч во ова ново коло. Тие се се домаќини на вториот тим на РК Металург.

Денес во салата “Кале“ ќе ја пречекаме младата сино-бела екипа со почеток во 15 часот и 30 минути. За избраниците на Стојан Петрушевски  ова е прв дуел во новата година на домашен терен. Во првото коло оваа пролет игравме нагости во Велес кај тимот на ГРК Борец. Велешани ни нанесоа пораз во тој дуел со 38-25 (20-13). Во првиот натпревар  како гости Вардар Јуниор во есенскиот дел со Металург-2 беше поразен тесно со 25-22.