Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар лесно против Струга 2009, Андриевски – Екипата има “хемија“ атакуваме на титулата
ЖКК Вардар лесно против Струга 2009, Андриевски – Екипата има “хемија“ атакуваме на титулата

ЖКК Вардар лесно против Струга 2009, Андриевски – Екипата има “хемија“ атакуваме на титулата

“Црвено-црните” девојки, избраничките на Бране Андриевски, вчера го одиграа одложениот дуел од 9.коло со екипата на ЖКК Струга 2009. Вардар беше домаќин на овој дуел во малата сала при спортско рекреативниот центар “Кале“ и на истиот забележа нова, убедлива победа.

Ова беше прв меч дома во новата 2017 година за Вардар. Со оваа победа влеговме во серија од десет победи по ред, осум во првенството и две во купот. Триумфиравме доминантно со 36 поени разлика, во текот на целиот меч имавме водство и го диктиравме темпото. Крајниот резултат беше 76-30 во наша полза. Со истиот тим оваа сезона на првиот меч на гости кај стружанки триумфиравме со 59:47.

16807197_1146793885442422_9026212797761175632_n

Разговаравме со тренерот на “црвено-црните” девојки, Бране Андриевски, како е задоволен од досегашниот тек од сезоната од резултатите во лигата и Купот каде се крунисавме со титула. Oваа титула е негова прва како тренер на женски колектив, претходно овој тренер беше на кормилот на КК Вардар на сениорскиот тим и седум години беше тренер на младинските “црвено-црни” категори.

Презадоволни сме, кој очекуваше дека по шест месеци постоење ќе освоиме Куп и ќе бидеме со скор 8-1 во лигата. Купот дојде како мало изненадување за сите нас во клубот, иако потајно се надевавме на успех. Едноставно повеќе го посакувавме трофејот од противникот. Девојките го одиграа натпреварот на сезоната, токму кога требаше беа најдобри, едноставно се поклопија коцките. Трофејот во Купот ги зголеми и амбициите, како за сезонава, така и за следната година.
16003149_1117201335068344_928862001140746933_n
Очекувањата на Андриевски за продолжението на сезоната односно борбата за пехарот во лигата се следни:
-Првенството е долго, сметам дека Бадел е фаворит, но никогаш не се знае. Добро работиме, имаме убедливо најдобри услови во Македонија и голема поддршка од Еуроимпекс како спонзори. Екипата има хемија и секако можеме да атакуваме на титулата.
Стратегот на “црвено-црните” меѓутоа има и една нова главоболка, на вчерашниот меч тешко му се повреди еден играч, тој за ова го вели следното:
-Голем хендикеп во продолжението од сезоната ќе биде повредата на Драгана Јоловиќ, која го повреди коленото на денешниот натпревар. Ќе чекаме магнетна резонанса па ќе знаеме за тежината на повредата.
Михајло Тушевски